Над 43 проценти од трошоците на домаќинствата за храна и пијалоци, во ЕУ – 13

Фото: EPA-EFE/ROMAN PILIPEY

За „храна и безалкохолни пијалоци” домаќинствата во земјава потрошиле 43,1 процент, за „станарина, вода, електрична енергија, гас и други горива” – 10,8 проценти и за „сообраќај” – шест проценти, од вкупно употребените средства во 2019 година, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Околу 13 проценти од вкупните трошоци на домаќинствата во ЕУ во 2019 година биле за „храна и безалкохолни пијалоци”, што е трета најголема ставка по „домување и режиски трошоци” – 23,5 проценти и „танспорт ” – 13,1 проценти, покажуваат податоците на Евростат.

Во земјите од регионот најмногу за „храна и безалкохолни пијалоци” потрошиле жителите на Босна и Херцеговина – 28,8 проценти од вкупните трошоци на домаќинствата. Потоа следат Црна Гора – 24,5 отсто, Србија – 23,6 проценти, Бугарија – 18,4 отсто, Хрватска – 18,3 проценти и Грција – 15,5 отсто.

Во ЕУ најмногу за „храна и безалкохолни пијалоци” одвојувале домаќинствата во Романија – над една четврина или 26 проценти од вкупните трошоци, по што следат домаќинствата во Литванија – 20,2 отсто и Естонија – 19,3 проценти.

За споредба, домаќинствата во Ирска (8,6 отсто), Луксембург (8,9 проценти) и Австрија (9,7 отсто) – одвоиле под десет проценти од вкупните трошоци за храна и безалкохолни пијалоци.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот