Над 300 јахти пловат под црногорско знаме, сопствениците се претежно Срби и Руси

Фото: EPA/KOCA SULEJMANOVIC

Под црногорско знаме пловат 363 јахти, од кои 42 се во сопственост на црногорски државјани, објавено е на веб-страницата на Владата на Црна Гора, објави Политика.рс.

Повеќето од нивните пловни објекти биле подолги од седум метри и се регистрирани од сопственици од Германија, Белорусија и Хрватска. Граѓаните на Србија регистрирале 99 пловни објекти, а Русија 109.

16 јахти на државјани на Украина, седум на државјани на Швајцарија, осум пловила регистрирале државјани на Босна и Херцеговина и по девет од Америка и Британските Девствени Острови, според Порталот Подгорица Дан, а пренесе Танјуг.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот