Над 20.000 работници во земјава уште не добиле плата за јануари

Директорката на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска, информира дека над 20.000 граѓани не добиле плата за месец јануари.

-Во јануари 2022 година, 4.968 работодавачи поднеле месечни пресметки за интегрирана наплата, но таа не е исплатена за 12.827 вработени. Доставени се опомени и веќе оди блокирање на сметките и присилна наплата. 5.029 работодавачи воопшто не поднеле месечни пресметки за наплата, а се однесуваат за 7.811 вработени. И до нив се доставени опомени, додаде Лукаревска во емисијата „Топ тема“.

Во однос на прашањето дали има нови фирми кои ја злоупотребиле државната помош и субвенции, Лукаревска информира дека засега не се регистрирани такви.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот