Над 2.000 лица починаа од ковид-19 во Косово од почетокот на пандемијата

Бројот на жртви на ковид-19 во Косово, од појавата на пандемијата во март минатата година, надмина две илјади и сега изнесува 2.008, откако минатите 24 часа починале 12 од заболените, јави дописникот на МИА од Приштина.

Според денешниот извештај на Националниот институт за јавно здравство на Косово, вчера се извршени 3.788 тестирања со методот РТ-ПЦР, од кои резултирале 494 нови носители на коронавирусот.

Вкупно од почетокот на пандемијата во земјата се регистрирани 98.835 заболени од Ковид-19, од кои, вклучително вчерашните 1.009, болеста ја совладале 83.591 лице.

Според последните официјални статистики, откако вчера за прв пат се забележа четирицифрена бројка на излекувани, бројот на активни носители на вирусот во Косово се намали, од 13.763 колку што изнесуваше вчера, на 13.236 лица.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот