Македонските ракометни судии Славе Николов и Ѓорѓи Начевски/фото: EPA/EFE

Начевски и Николов в недела ќе го судат финалето во ракометната Лига на шампионите

Викендов во Келн, Германија, ќе се игра Фајнал-фор турнирот во машката ракометна Лига на шампионите каде четири екипи ќе се борат за трофејот.

В сабота (8 јуни) ќе се играат полуфиналните натпревари, Магдебург за противник го има Алборг, додека Барса ќе се соочи против Кил.

Следниот ден на 9 јуни во недела ќе се игра мечот за третото место, како и големото финале.

Потсетување дека натпреварот за пехарот во ЛШ оваа сезона ќе го судат Ѓорѓи Начевски и Славе Николов од Македонија.

Во рамките од групната фаза, Начевски и Николов ги судеа натпреварите Колстад – ПСЖ (36:31), Загреб – Пик Сегед (30:25), Целје – Монпелје (29:31), Барса – Веспрем (36:41) и Порто – Целје (32:30), како и првиот меч од четвртфиналето меѓу Киелце – Магдебург (27:26).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот