Началничката на лондонската полиција поднесе оставка

Кресида Дик/ Фото EPA-EFE/ANDY RAIN

Началничката на лондонската полиција Кресида Дик поднесе оставка, изјави градоначалникот на Лондон Садик Кан, откако и кажал дека нема да може да го искорени расизмот, сексизмот и другите проблеми кои сè уште постојат во рамките на полицијата, пишува Ројтерс.

Довербата во лондонската Метрополитен полиција беше разнишана во последниве години се појавија бројни откритија, вклучително и киднапирања, силувања и убиство на жени од страна на нејзините полицајци, како и бројни случаи на расна дискриминација во полициска станица во централен Лондон.

Кан вели дека јасно и кажал на Дик дека обемот на промените кои се потребни за да се обнови довербата на лондончани во полицијата се огромни и дека треба да се истребат расизмот, сексизмот, хомофобијата, малтретирањето, дискриминацијата меѓу полицајците.

„Не сум задоволен од одговорот на началничката“, рече тој, додавајќи дека откако била информирана за тоа, Дик понудила оставка, која тој ја прифатил.

„Јасно е дека единствениот начин да се започне со реализација на обемот на потребната промена е да се има ново раководство веднаш на врвот на Метрополитенската полиција“, рече Кан.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот