НАБИЕНА АГЕНДА: Медведев за 12 часа ќе посети осум локации во Белград, го чуваат 5.000 полицајци

Фото: EPA/ALEXANDER ASTAFYEV/RIA NOVOSTI/

Повеќе од 5.000 српски полицајци и припадници на тајните служби, како и 30 руски безбедносни службеници ќе ја обезбедуваат посетата на рускиот премиер Димитриј Медведев во Белград, објави „Вечерње новости“, наведувајќи дека „безбедноста во главниот град на Србија ќе биде подигната на највисоко ниво“.

Голем број на обезбедувачи се неопходни бидејќи Медведев за време на дванаесетчасовната посета во Белград ќе оди на осум локации, па секоја локација мора да биде безбедносно покриена во текот на целиот ден, кажа неименуван извор на „Вечерње“.

Премиерот на Русија по доаѓањето во Белград, каде ќе го дочека премиерката на Србија Ана Брнабиќ, со претседателот Александар Вучиќ на воениот аеродром во местото Батајница ќе присуствува на воена вежба и приказ на способностите на Војската на Србија. Потоа, следи свечениот дочек пред Палатата на Србија, како и работен ручек со премиерката и членовите на делегациите на двете држави.

Вучиќ и Медведев, според предвидениот протокол, ќе разговараат 45 минути, а потоа рускиот премиер ќе положи венец на споменик на тврдината Калемегдан.

Медведев ќе присуствува и на свечена академија по повод 75-годишнината од ослободување на Белград, а руските државници потоа ќе одат на вечера.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот