На Водици кога има голема раздвиженост на луѓе низ Скопје, ЈСП ќе вози како во недела

Градски ЈСП автобус на рекорд / Фото: ''Слободен печат'' - Драган Митрески

Утре на верскиот празник Богојавление – Водици,  кога ќе има голема раздвиженост на граѓаните поради фрлање на крстот на повеќе локации низ Скопје, јавниот градски превоз ќе функционира редуцирано. Од ЈСП „Скопје“  информираа дека автобусите ќе сообраќаат по неделен возен ред, а исклучок ќе бидат линиите 18А, 32, 51, 56, 56А, 70, 74, 81, 118 и 180 кои ќе возат по саботен распоред.

По неделен возен ред ќе се вози и во сабота, на 20 јануари, со исклучок на посочените линии, кои ќе функционираат по саботен возен ред, иако сабота не е празник и нема никаква потреба да се редуцираат линиите.

Од ЈСП  соопштија дека утре ќе работат само дежурните билетарници во Транспортен центар и во Ѓорче Петров, од 7 до 14 часот, а во сабота  сите ќе работат со вообичаеното работно време.

Жичницата сите денови ќе работи од 10 до 17 часот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот