На работа само со ПЦР тест, нови мерки во Црна Гора за лекарите и социјалните работници кои не се вакцинирани

Во Црна Гора се појави новиот сој омикрон/Фото: EPA-EFE/BORIS PEJOVIC

Црна Гора ги продолжи актуелните епидемиолошки мерки до 30 јули, а во случај на промена на епидемиолошката состојба, тие без одлагање ќе бидат прилагодени на теренот, соопшти директорката на Клиничкиот центар на Црна Гора (КЦГ) Љиљана Радуловиќ.

Таа на прес конференција соопшти дека сите вработени во здравството и установитге за социјална и детска заштита кои не се вакцинирани, но не прележале корона, по враќањето од одмор ќе мора да направат ПЦР тест пред враќањето на работа.

Истакна дека досега во Црна Гора се вакцинирани над 70 отсто од лекарите.

Директорот на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) Игор Галиќ рече дека епидемиолошката ситуација во земјата е стабилна, и со оглед на фактот дека сезоната е во ек, може да дојде до благ пораст на бројот на заразени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот