На Попова Шапка најмногу снег, утрово најстудено во Битола и Берово

Попова Шапка
Попова Шапка / Фото: МИА

Најмногу снег утринава има на Попова Шапка, каде се измерени 27 сантиметри, а потоа во Маврови Анови – девет сантиметри.

Најстудено утрово било во Битола и во Берово со измерени минус три степени Целзиусови и во Скопје-Петровец, Тетово, Струмица и Демир Капија со измерени минус два степени. Во Куманово и во Дебар измерен е минус еден степен. Најтопло било на Попова Шапка, каде се измерени пет степени Целзиусови.

Како што информира УХМР, во ноќните часови времето беше претежно ведро или со мала облачност. Утрово во поголем дел од земјава е сончево со мала облачност, но по одделни котлини има појава на магла.

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од западен правец. Температура ќе достигне од 12 до 17 степени.

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност, кон крајот на денот со слаб ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне 13 степени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот