На нобеловецот Хандке му се смачило од политички провокации, па навреден порачал: Јас сум писател, оставете ме на мира

Фото: Принтскрин

Нобеловецот Петер Хандке вчера од својот роден град Грифин (Корушка, Австрија) порачал дека „никогаш повеќе нема да разговара со новинари, откако бил прашан за неговиот политички ангажман за време на војните во текот на деведесеттите години, пишува новости.рс.

Како што известуваат aвстриските медиуми, Хандке ја прекинал средбата со новинарите и ги откажал сите предвидени активности.

Австрискиот нобеловец наводно пристигнал во родниот град за да одржи неформална средба со претставници на неколку заедници, како и со корушкиот гувернер Петер Кајзер, но ненадејно бил сретнат од бројни новинари.

Хандке почнал трпеливо да им одговара, но кога го прашале да ги искоментира обвиненијата на германскиот писател со српско-бошњачко потекло Саша Станшиќ, за тоа дека не сакал да ги признае жртвите на српските воени злосторници, нобеловецот се навредил.

– Јас стојам зад мојата капија и таму се наоѓаат 50 новинари и сите ме прашуваат истото што и ти, но ниту една личност нема прочитано некое мое дело ниту пак знае за што пишувам. Јас сум писател, оставете ме на мира и не ми поставувајте такви прашања – рекол Хандке, а потоа го прекинал разговорот.

По ова, сите договорени средби во општината Грифин на Хандке биле откажани.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот