На мобилизираните Руси им се даваат едвај употребливи пушки, велат Британците

Мобилизација Русија/ Фото EPA-EFE/YURI KOCHETKOV

Британското Министерство за одбрана го објави најновиот извештај на военото разузнавање за ситуацијата во Украина.

Во него тие наведуваат дека од средината на октомври Русија испратила илјадници мобилизирани резервисти на линијата на фронтот во Украина. Во многу случаи резервистите се недоволно опремени, тврдат британските разузнавачи, па додаваат дека уште во септември руските офицери биле загрижени бидејќи мобилизираните резервисти пристигнувале во Украина без оружје.

Посочуваат дека пушките што ги добиле мобилизираните резервисти се типични автомати од типот АКМ, кои се во употреба од 1959 година. Многу од овие пушки веројатно се во едвај употреблива состојба поради лошото складирање, велат од британското разузнавање. Тие наведуваат друг проблем, а тоа е дека пушките АКМ користат муниција од 7,62 мм, додека повеќето редовни руски војници користат пушки АК-74М и АК-12, кои користат муниција од 5,45 мм.

Интеграцијата на резервистите со единиците составени од војници со договор и професионални трупи значи дека руската логистика ќе мора да обезбеди два различни типа муниција за лично оружје, што веројатно дополнително ќе ги комплицира веќе преоптоварените логистички системи, велат британските разузнавачи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот