На Клиника донесено 15-годишно девојче со повреда во главата од огнено оружје

МВР преземаа мерки за целосно расчистување на настанот. 

Во СВР Скопје вчера околу 14.45 часот било пријавено дека во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ било донесено малолетно женско лице со повреда во главата од огнено оружје.

-Полициски службеници излегле на местото и било утврдено дека станува збор за 15-годишно девојче, кое во семејната куќа во Скопје било пронајдено од нејзиниот брат П.С.(18) со прострелна рана, а во нејзина близина имало пиштол „Црвена застава“, сопственост на нејзиниот татко М.С.(58), кој го поседувал со дозвола- наведува МВР.

МВР преземаа мерки за целосно расчистување на настанот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот