На Касами му стигна покана за на суд, при дочекот на Курти не постапил согласно Законот за употреба на грбот, знамето и химната

фото-општина-тетово

Градоначалникот на Општина Тетово Билал Касами на својот фејсбук профил ја објави поканата за во Основниот суд Тетово во врска со дочекот на премиерот на Косово Албин Курти каде пишува дека не постапил согласно Законот за употреба на грбот, знамето и химната.

Во поканата стои:

„На ден 11.08.2023 година на градскиот плоштад при организираниот дочек на странска делегација и преставници на Владата на Косово предводена од Албин Курти при самото доаѓање на градскиот плоштад на поставена бина беше интонирана химната на Албанија при што не беше интонирана химната на РС Македонија. Воедно на бината каде што се одвиваше манифестацијата истакнати се знамиња на Р.Косово и Р.Албанија без притоа да се истакне државното знаме на РС Македонија. Горе пријавеното правно и одговорно лице во правно лице не постапиле согласно Законот за употреба на грбот, знамето и химната на РС Македонија при што при официјалната посета на странската делегација не ја интонирале државната химна како и не го истакнале државното знаме на РС Македонија“, стои во поканата на Основниот суд Тетово испратена до Касами.

Фото: Фејсбук/ Билал Касами

Поканата за на суд во која Касами е обвинет за прекршок, тетовскиот градоначалник ја окарактеризира како обид за заплашување и молчење.

„Уште еден обид за заплашување и молчење, што ме прави да разберам колку се плашат од албанската опозиција. Со овие дела ни ја зголемувате храброста. Повторувам, времето на заплашување и уцена на Албанците е мртво, како што умира и вашиот режим. Тоа го должиме само на граѓаните и на овој народ, бидејќи за вакви режими не се плашевме ниту во комунистичката ера ниту сега. Вашето време истече“, напиша Касами.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот