На „Камп Ноу“ нема зима, и Украинци вложуваат во Барселона

фото: EPA-EFE/Toni Albir

Барселона се наоѓа во завршна фаза од преговорите за нов спонзорски договор кој на каталонскиот тим ќе му носи најмалку 20 милиони евра годишно.

Доколку успешно завршат преговорите, на ракавот од дресовите на Барселона треба да се стои логото на „ВајтБИТ“, најголемата европска финансиска компанија која се занимава со трговија на криптовалути, а која е основана во Талин во 2018 година од страна на Владимир Носов, естонски бизнисмен со украинско потекло.

„ВајтБИТ“ првиот голем финансиски исчекор го направи во Украина каде е лидер во трговијата со криптовалутите. Мнозински сопственици се Носов и Украинецот Олег Кајин. Токму поради тоа, шпанските медиуми оваа компанија ја претставуваат како украинска иако е основана во Естонија.

И двајцата сопственици остро ја осудија руската агресија врз Украина и финансиски ги помагаат украинските бранители, а на светската јавност и станаа познати кога за 700.000 фунти го купија пехарот наменет за победникот на Евровизија, украинската група Калуш Оркестар, која парите ги донира на украинската армија за набавка на дронови.

Весникот „Мундо Депортиво“ пишува дека понудата на „ВајтБИТ“ била подобра од тие на „ФТХ“, „Бајнанс“ и „Онефудбал“ кои исто така се заинтересирани за спонзорирање на Барселона.

Во „ВајтБИТ“ се надеваат дека со спонзорскиот договор ќе успеат побрзо да ја реализираат својата идеја, да воведат блокчејн технологии и да овозможат поголема употреба на криптовалутите како и да обезбедат безбедна платформа за користење на истите.

Челниците на Барселона се надеваат дека со новиот спонзорски договор ќе можат полесно да ги исполнат обврските од финансискиот фер-плеј.

Иако Барселона има големи долгови, кои изнесуваат околу 1,3 милијарда евра, претседателот Жоан Лапорта во летниот преоден рок потроши дури 153 милиони евра за засилувања. Таа сума беше потрошена за купување на Рафиња, Жил Кунде и Роберт Левандовски, додека како слободни играчи дојдоа Франк Кеси и Андреас Кристенсен.

До крајот на преодниот рок Барселона сака да донесе уште едно засилување, дефанзивецот на Челси, Маркос Алонсо.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот