На Јанузај му се смее целиот свет поради изјавата за Ван Гал

EPA/KIERAN GALVIN

Аднан Јанузај беше донесен во Манчестер јунајтед како голем талент, предвидувањата одеа дотаму што го нарекуваа вториот Кристијано Роналдо, многу се очекуваше од него, но никогаш не покажа дел од талентот поради кој беше ангажиран.

Јанузај четири години, од 2013 до 2017 година беше член на Манчестер јунајтед, но дресот на славниот клуб го носеше само во првите две сезони по што потоа беше проследен на позајмица, прво во Борусија Дортмунд, а потоа и во Сандерленд.

Во тие две сезони доби доволно шанси за да покаже дека го заслужува местото во Јунајтед, но периодот на „Олд трафорд“ ќе остане запомнат по неговата изјава за тренерот Луис Ван Гал на која се смее целиот свет.

– Требаше да се одбранам од него. Статистиката зборува за себе. Секој пат кога ќе направев разлика со гол или асистенција бев наградуван со клупа на следниот натпревар – рече Јанузај кој не ја погледнал добро статистиката од игрите во Јунајтед.

Таа вели дека додека тренер беше Ван Гал, Јанузај на 28 натпревари постигна еден гол и немаше ниту една асистенција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот