На француските Алпи еден загинат, откако седум скијачи ги зафати лавина

Фото: Профимедиа

Една жена на возраст од околу 50 години денеска загина во лавина на француските Алпи, јави телевизијата BFMTV.

Најмалку седум скијачи биле однесени од лавина која паднала денеска попладне, се вели во извештајот. Петмина биле затрупани, од кои четворица преживеале и биле спасени, јави ДПА.

Француската метеоролошка служба го постави опсегот на нивото на предупредување за лавина меѓу три и пет. Трето ниво е значителни или опасни услови за лавина, додека нивото пет е највисоко ниво и ретко се прогнозира, според Европската служба за предупредување за лавини.

Инкау пред две недели лавина на скијалиште во австриските Алпи затрупа десетина скијачи.

Во спасувачката акција сите десет луѓе беа спасени.

Лавина во австриско скијалиште, затрупани десетина туристи

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот