Лавина во австриско скијалиште, затрупани десетина туристи

Лавина во австриските Алпи (Фото: Профимедиа)

Лавина на скијалиште во австриските Алпи затрупа десетина скијачи.

Не се знае точниот број на затрупани, засега едно лице е спасено.

Лавината се случила околу 15 часот во подрачјето на врвот Триткопф, висок 2700 метри, на подрачјето на Лех и Цирс во покраината Форалберг.

Лавина во Австрија (фото: Твитер)

На местото на несреќата се испратени неколку хелихоптери со спасувачки тимови.

Правиме се што е можно за да ги спасиме луѓето, велат од општината Лех.

Во спасувачката мисија учествуваат повеќе од 200 луѓе, и таа продолжува иако е паднат мрак.

Изминатава недела стручњаците предупредуваа на можно лавини од снег на австриските планини.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот