На форумот „Берлински дијалог за енергетска транзиција” ќе учествува и Анѓушев

Денеска и утре на форумот „Берлинскиот дијалог за енергетска транзиција” ќе учествува и вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев, кој се одржува во Берлин, во организација на Федералното министерство за надворешни работи.

Вицепремиерот денеска ќе биде и говорник на панелот „Возможна мисија”, а ќе реализира средби со претставници на политичкиот живот и енергетскиот сектор од СР Германија.

На форумот во Берлин ќе присуствува и генералниот директор на АД ЕЛЕМ д-р Драган Миновски.

Анѓушев учествува на форумот на покана на сојузниот министер за економија и енергетика на СР Германија Петер Алтмаер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот