На ЕУ ѝ требаат нови мерки за поддршка на компаниите во процесот на енергетска транзиција

Паоло Џентилони / Фото: МИА

На ЕУ и се потребни нови начини за поддршка на компаниите во процесот на енергетска транзиција, како и спротивставување на ефектите од американската државна поддршка на американските конкуренти, изјави денеска европскиот економски комесар Паоло Џентилони.

Тој, за финансискиот холандски дневен весник ФД, изјави дека е неопходно да се надминат негативните економски ефекти од војната во Украина, што најмногу се чувствуваат во Европа во споредба со другите делови на светот.

Еврокомесарот, сепак, не наведе колку треба да изнесуваат новите средства за поддршка, ниту како ќе се врши финансирањето.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот