На денешен ден се родени две големи музички имиња, Курт Кобејн и Ријана

Фото: Профимедиа/ЕПА

Две блескави имиња од светската музичка сцена од кое едното зграсна прерано иако неговата музика вечно ќе живее. На денешен ден, 20 феруари се родени Ријана и Курт Кобејн.

Курт Кобејн

Во далечната 1967 година на денешен е роден Курт Кобејн, еден од најхаризматичните, а воедно и најконтроверзни музичари кои во деведесеттите години од минатиот век владееја на светската музичка сцена.

Кралот на гранџот

Курт се родил во Абердин во сојузната држава Вашингтон во САД. Првите шест месеци од својот живот ги поминува во гратчето Хокијам, Вашингтон, а потоа неговото семејство се преселува во Абердин. Американски музичар, најпознат како водечки вокал, гитарист и текстописец на гранџ-бендот „Nirvana“. Со песната „Smells Like Teen Spirit“ од нивниот втор албум „Nevermind“ (1991), бендот се стекна со светска слава, популаризирајќи го поджанрот на алтернативниот рок наречен гранџ.

Курт Кобејн и неговата легендарна гитара / Фото: Profimedia/EPA

Повеќе други бендови од Сиетл кои во истиот период го свиреа овој вид на музика се здобија со свои обожаватели. Како резултат на тоа, во почетокот и средината на деведесеттите години од минатиот век алтернативниот рок стана доминантен жанр на радијата и музичките телевизии ширум светот

Според магазинот „Ролинг стоун“, „Nirvana“ е на 27-то место од највлијателните музички имиња на сите времиња, додека пак Кобејн е на 12-то место на листата на најдобри гитаристи. Кобејн се борел со депресија и зависност од наркотични средства. Тој го изврши самоубиството на своја 27-годишна возраст. Во тоа време, неговата ќерка Френсис Бин имала само 20 месеци.

Фото: Принтскрин/Јутјуб

Првиот обид за самоубиство

Во март 1994 година, за време на турнеја низ Европа, Кобејн се предозирал во Рим со комбинација од „Rohypnol“ (roofies) и шампањ. Овој настан го вратил консумирањето на кокаин кај пејачот кој на крајот на март ќе се искраде од центар за рехабилитација искачувајќи се преку ѕид од шест метри. Кортни Лав, сопругата на Курт, во годините што доаѓаат ќе го смета предозирањето како негов прв обид за самоубиство.

Фото: Profimedia

Си го одзеде животот и се вклучи на познатиот клуб „27“

На 5 април 1994 година Курт Кобејн си го одзеде животот и се вклучи на познатиот клуб „27“- славни личности кои починале на таа возраст. Рок бендот – „Nirvana“ во 1994, беше кормило во експлозијата на гранџот и дефинитивно највидлив бенд во жанрот. Обожавателите и критичарите сложни во успехот на „Nevermind“, го пофалија и албумот „In Utero“. Нирвана распродаваше огромни концерти ширум светот, а Кобејн веќе беше означен како глас на една генерација.

На 8 април 1994 година, Кобејн е пронајден мртов во својот дом во Сиетл, според официјалните наоди тој претставува жртва на самонанесена истрелна рана во главата. Околностите под кои се случила неговата смрт и денес се предмет на бројни теории на заговор.

Ријана

Робин Ријана Фенти, попозната само како Ријана е родена во 1988 во Сент Мајкл, Барбадос. До својата шеснаесетта година живее во Барбадос, но потоа се преселува во САД за да изгради своја музичка кариера, заедно со продуцентот Ивен Роџерс. Во исто време таа потпишува и договор со Def Jam Recordings после аудицијата со тогашниот сопственик Џеј-Зи.

ријана
ФОТО: EPA-EFE/WILL OLIVER

Девојката со чадорот

Во 2005, Ријана го издава нејзиниот деби албум насловен Music of the Sun, кој успева да се искачи во топ десет на американскиот Билборд 200. Следната година го издава и вториот студиски албум, A Girl Like Me (2006), кој се искачува во топ пет на Билборд 200, а од него произлегуваат првиот американски број еден сингл на Ријана, „SOS“, како и двeтe топ десет песни „Unfaithful“ и „Break It Off“. Третиот студиски албум Good Girl Gone Bad (2007) е досега нејзиниот најуспешен албум, кој успева да се искачи на втората позиција на американскиот Билборд 200.

epa-efe
Фото: EPA-EFE/PETER FOLEY

Албумот содржи пет топ десет хитови, вклучувајќи ги американските број еден „Take a Bow“ и „Disturbia“, како и интернационалните „Umbrella“ (нејзиниот најзначаен сингл) и диско химната „Don’t Stop the Music“. Албумот беше номиниран за 9 Греми Награди, успевајќи да ја освои наградата за Најдобра рап соработка за „Umbrella“, која е соработка заедно со Џеј-Зи.

Profimedia
Фото: Profimedia

Ријана има продадено повеќе од 28 милиони албуми и 100 милиони песни на светско ниво, со што ја прави еден од најпродаваните музички артисти на сите времиња.

Sвезда на овогодинешниот Супербоул

Повеќекратната добитничка на Греми и модна икона, Ријана денеска го слави својот 35-ти роденден. Пејачката неодамна доби насловна страна за нејзиниот настап на Супербоулот во 2023 година, каде што сподели со остатокот од светот дека е повторно бремена.

Ријана на Супербол / 12 февруари 2023 / Фото: EPA-EFE/CAROLINE BREHMAN

Само неколку дена по настапот и веста за бременоста кои предизвикаа крах на социјалните мрежи, Ријана и нејзиниот партнер АСАП Роки се појавија на насловната страница на Вог со синот чие име се уште се чува во тајност. Пејачката за прв пат проговори за мајчинството во интервју за Вог, опишувајќи го како „се на светот“, бидејќи „не се ни сеќава каков бил нејзиниот живот пред да го роди синот во мај 2022 година“.

Најмлада американска милијардерка со прва номинација за Оскар оваа година

Од слатка, преку „лоша“ девојка, до безгрижна мајка – Ријана за неколку години од нејзината кариера стана најпопуларна пејачка на денешницата, а во 2022 година се најде на врвот на листата на Форбс на најбогати како најмлада американска милијардерка.

Ејсап Роки и Ријана / Фото: for HFPA / Shutterstock Editorial / Profimedia

Нејзиното богатство се проценува на 1,4 милијарди долари, а главни извори на приходи се заработката од музика и козметика. Ријана е косопственик на линијата на козметички производи„ Fenty Beauty“, од која доаѓа најголемиот дел од приходите на пејачката. Исто така, Форбс наведува дека Ријана има 30 отсто удел во брендот „Savage x Fenty“, што и носи и многу пари. Ријана оваа година за прв пат беше номинирана за Оскар и за најдобра авторска песна „Lift me up“ во филмот „Black Panther: Wakanda Forever“.

„Правда за Курт“: Кортни Лав напиша песна како одговор на теориите на заговор за смртта на Кобејн

ФОТО | Фамилијарно: Мама Ријана со синот и Ејсап Роки на насловната на магазинот „Вог“

„Ох, мој Боже, моето девојче е бремено“: Таткото на Ријана дознал дека ќе стане дедо од настапот на „Супербоул“

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот