На Богородица приведен криумчар на мигранти

Полициски службеници вчера го лишеле 27 годишниот Б.А во обид со мигрант од Сирија илегално да ја преминат македонско-грчката граница.

„ На 06.08.2023 полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Богородица го лишиле од слобода Б.А.(27) од с.Рашче, скопско. Во 21.15 часот тој бил затекнат со А.А.(18), мигрант од Сирија, при илегално преминување на државната граница од Република Грција во Република Северна Македонија. Мигрантот бил сместен во прифатно – транзитен центар, а Б.А. бил задржан во полициска станица.“

По целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот