На албанските државјани кои живеат во странство нема да им следува бебешки бонус

Тирана, Албанија
Тирана, Албанија / Фото: EPA/ARMANDO BABANI

На албанските државјани кои живеат во странство повеќе нема да им следува бебешки бонус за новороденче.

Ова право предвидено со владината програма, што почна да се реализира од јануари 2019 година, ќе го остваруваат само родители на бебе постојани жители во Албанија.

Министерството за здравство и социјална заштита во предлог-законот што се очекува да помине на одобрување во парламентот предллага во член 9, точка 1 од „Законот за социјална помош“, да се исклучат од користење на овој бонус лицата кои не се резиденти во Албанија, јави Euronews.Albania.

Од почетокот на реализација на програмата бонус добиваше секое бебе независно од тоа дали неговите родители живеат во Албанија или во странство, но треба да биде запишано во матичната книга на родени.

Од јануари 2019 година, од кога почна да се спроведува оваа програма, бонус добива секое бебе независно од тоа дали неговите родители живеат во Албанија или во странство, но треба да биде запишано во матичната книга на родени.

Досега ова право го оствариле околу 170.000 деца, при што според медиумите, само околу 40 отсто од новороденчињата на свет дошле во матичната земја. За првороденче еднократниот паричен надоместок изнесува 40 илјади леки(370 евра), за второ дете 80 илјади лека и за трето и секое следно родено дете во семејството 120 илјади лека. Доколку се близнаци или тројка секое од бебињата добива по идентичен износ.

Чекот родителите го добиваат во породилиштето, заедно со извод од матичната книга на родени.

За деца кои се родени во приватни болници или во странство, чекот го издава Министерството за здравство по евидентирањето на новороденчето во Управата за матична евиденција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот