На 61. Денови на македонската фотографија Прва награда за колекцијата „Артефакти“ доби Драги Неделчевски

Драги Неделчевски / Фотографија: Небојша Гелевски

Фото сојузот на Македонија ја организираше традиционалната изложба „Денови на македонската фотографија“, која беше поставена во галеријата на Кинотеката во Скопје. Добитник на првата награда за колекција е тетовскиот фотограф Драги Неделчевски за неговата колекција со наслов „Артефакти“.

– Оваа награда многу ми значи затоа што на конкурсот имаше пријавено 330 фотографии од преку 70 фотографи, а стручното жири одлучи да ми додели прва награда за колекција фотографии. Фотографиите од наградената колекција се исчекор од моите главни преокупации во фотографијата, така што наградата ме радува уште повеќе. Очигледно, комисијата знаеше тоа да го препознае. Им благодарам за донесената одлука, како и за постојаната поддршка од сите колеги фотографи од Македонија. Секако, ова за мене е дополнителна мотивација и поттик уште повеќе да правам добри и содржајни фотографии – изјавил Драги Неделчевски.

Втора награда за колекција ја доби Боро Рудиќ, а третата Филип Лафазановски. Дипломи за колекција добија Цветан Гавровски, Марјана Павличек и Иван Каратанов.

Комисијата што одлучуваше за наградите беше во состав Дејан Колевски (МФ ФСМ), Кирил Штрков (Ф1 ФСМ) и Јехона Спахиу Јанчевска (историчар на уметност).

Изложбата беше поставена во галеријата на Кинотеката во Скопје / Фотографија: Небојша Гелевски

Во однос на поединечните фотографии награди добија Виктор Соколовски (прва награда), Душан Доцевски (втора награда) и Владимир Арсовски (трета награда), а дипломи добија Виктор Налевски, Анета Илиевска и Анета Палческа.

Награда за документарна фотографија доби Марјан Јаневски, додека плакетата „Благоја Дрнков“ ја доби Дејан Ангеловски. Кај младинската селекција првата награда ја доби Ангелина Краљевски, а дипломи добија Каја Тасевска и Давид Козаров.

(Текстот е објавен во „Културен печат“ број 184, во печатеното издание на весникот „Слободен печат“ на 24-25.6.2023)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот