Нѐ очекува врнежлив викенд, со грмотевици и силен ветер

Дождливо време
Дождливо време / Фото: „Слободен печат“, Драган Митрески

Времето денеска ќе биде прoменливо облачно со слаб до умерен ветер од јужен правец. Во попладневните часови ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално ќе има појава на невреме со пообилен дожд, силни електрични празнења, силен ветер и услови за појава на град, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 22, а максималната ќе достигне од 28 до 36 степени.

Во Скопје се очекува променливо облачно време со повремен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во делови од котлината ќе има појава на краткотрајно невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер, електрични празнења и град. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 33 степени.

До средината на следната седмица, подрачјето на Македонија ќе биде под влијание на влажен и нестабилен бран. Локално, повремено ќе има појава на невреме со пообилен дожд (над 30 л/м2) за кратко време, силни електрични празнења, силен ветер (над 60 км/час) и појава на град. Температурите значително ќе се намалат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот