МВР се намерачи на скопските дилери

Марихуана /Фото: Профимедиа

Дневниот билтен на Министерството за внатрешни работи (МВР) е исполнет со информации за апсења на скопски дилери на марихуана и кокаин.

Имено синоќа (22.11.2019) 13.10 часот на улица Кеј Димитар Влахов, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Н.Б.(39) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена прашкаста материја и таблети.

Исто така, МВР наведува за апсење на подрачјето на Карпош, каде полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода А.М.(22) од село Кондово, скопско, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана.

Во друг случај,  пак, вчера на улица Герника, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода П.К.(24) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана.

По целосно документирање на сите предмети, против сите лица МВР ќе поднесе соодветен поднесок.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот