Мурињо во елемент: Во Тотенхем нема место за примадони
Екипата на Тотенхем продолжи со добрите игри сезонава и во последниот натпревар од шестото коло во Премиер лигата го совлада Барнли со 0:1 и се искачи на петотто место на табелата.
Менаџерот на Тотенхем, Жозе Мурињо, беше задоволен од прикажаната игра, посебно од Хари Кејн кој освен што му асистира на Сон при постогнување на голот, извршуваше и одбранбени задачи и во второто полувреме дури и спаси гол исфрлајќи ја топката од самата гол линија.
– Хари вршеше пресинг во последната минута, спречуваше топката да влезе во шеснаесетникот. Кога сакаш да победиш, правиш се за екипата. Нема место за индивидуалци, нема место за примадони. Дури и топ играч како Хари Кејн има таков дух. Хари беше фантастичен.
Кејн сезонава постигна пет гола, но има и дури осум асистенции и заедно со Хјонг-Мин Сон кој е прев стрелец во Премиер лигата со осум гола, се најзаслужни што Тотенхем е само на два бода од лидерите Евертон и Ливерпул.