Мурињо заработи нова суспензија, нема да ја води Рома против Интер

Фото: EPA-EFE/GIUSEPPE LAMI

Португалскиот стратег, Жозе Мурињо како да се „претплати“ на суспензии во италијанскиот фудбал, па сега доби нова суспензија и нема да го води тимот против неговиот поранешен клуб, Интер.

Мурињо сега е санкциониран поради црвениот картон во финишот од натпреварот против Монца кога со гестикулации се потсмеваше со противничката клупа. Дисциплиснакта комисија на Серија А одлучи да го казни со еден натпревар суспензија.

Поради тоа Португалецот нема да ја води „волчицата“ против тимот со кој освои се што можеше да се освои. Покрај Мурињо, казна заработи и неговиот асистент Нуњо Сантош.

Казна заработи и Рома која ќе мора да плати 10.000 евра, оваа казна е изречена поради задоцнетото враќање на фудбалерите на стартот од второто полувреме.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот