
Мудрости злато вредни: Советите на нашите баби и дедовци, клуч за среќен живот
Бисерите на мудроста што ни ги пренесоа нашите баби и дедовци остануваат со нас во текот на нашите животи. Советите како „Никогаш не оди во кревет лут“ или „Покриј сè колку е долго ќебето“ се меѓу советите кои ги паметат дури две третини од возрасните, додека пак советите „Убавиот збор железни врати отвора“ или „Однесувај се со другите онака како што би сакал и тие да се однесуваат кон тебе“ се советите кои најчесто се повторуваат.
Препорачано
Истражувањето, кое опфатило 2.000 возрасни лица, покажало дека просечниот човек памети дури 20 совети што ги добил од својот дедо или баба и дека бабите се подобри во давање совети.
Дури 70 отсто од возрасните мислат дека постарата генерација е помудра од нивната.
Повеќе од 10 отсто од испитаниците рекле дека советите на нивната баба им помогнале во работата, а 11 отсто одговориле дека советот позитивно влијаел на нивниот љубовен живот. Исто така, две третини од возрасните редовно им ги пренесуваат советите од нивните баби и дедовци на другите, а 56 отсто од нив признале дека се слушаат себеси како нивните совети им ги пренесуваат на своите деца, пренесува „Тпортал“.
Покрај мудрите совети, тука се и различните вештини кои ни ги пренеле родителите на нашите родители како готвење, печење, градинарство и менаџирање на домаќинството.
А ова се дел од бисерите на мудроста на нашите баби и дедовци:
- Доброто однесување не чини ништо – Добриот збор железна врата отвора;
- Мора да го дадете најдоброто од себе;
- Не го купувајте она што не можете да си го дозволите;
- Однесувајте се кон другите како што би сакале другите да се однесуваат со вас;
- Насмевката може да ве однесе далеку;
- Никогаш нема да добиете нешто за ништо;
- Со вежбање до совршенство;
- Никогаш не влегувајте во автомобил со непознато лице;
- Учи во училиште, затоа што никој не може да ти ја одземе дипломата;
- Семејството треба секогаш да е на прво место;
- Ако не можете да кажете нешто убаво, не кажувајте ништо;
- Кој прашува, не талка;
- Не постои „не можам“;
- Не позајмувај, не должи;
- Не пливајте после оброк;
- Ништо никогаш не се добива само со желба;
- Не треба да си легнувате лути;
- Не пијте алкохол на празен стомак;
- Среќниот брак е основа на среќно семејство;
- Никогаш не излегувајте надвор со мокра коса.