На денешен ден – 27 август

на денешен ден
Фото: Instagram

1896. Почнала и се завршила Англиско-занзибарската војна, најкратката војна во историјата на војните. Таа се водела меѓу Обединетото кралство и Занзибар на 27 август и траела меѓу 38 и 45 минути. Војната избила откако султанот Хамад ибн Туваини, кој соработувал со колонијалните власти, умрел на 25 август, а енговиот внук Халид ибн Баргаш ја презел власта со државен удар. Британците го сакале на таа положба Хамуд ибн Мухамед, за кого верувале дека е полесен за соработка. Откако Баргаш ја одбил абдикцијата и почнал војна, Британците нападнале и за кратко време го уништиле неговиот брод и палатата, Баргаш побарал азил во германскиот конзулат, а војната за кратко време била завршена.

1965. Починал Ле Корбизје, славен француски архитект со швајцарско потекло, чие вистинско име било Шарл-Едуард Шанере-Гри. Покрај архитект тој бил и теоретичар на архитектурата, урбанист, сликар, вајар и пистел, а познат е како соосновач на пуризмот. Во 1929 година кога се враќал од Јужна Америка во Европа, Корбизје се сретнал со американската актерка и танчерка Џозефин Бејкер и ѝ направил неколку скици од нејзиното голо тело.

1941. Родена е Цезарија Евора, јужноафриканска пејачка. Позната била под прекарот „Босата дива“, затоа што на своите концерти настапувала без чевли. Како мала била оставена во дом за сираци, бидејќи мајка ѝ не можела да се грижи за неа по смртта на татко ѝ. Пеела во хорот од домот за сираци, а на 16 години почнала да пее коладеирас и морнас песни, кои се карактеристични по својот мелос на тага и копнеж. Прогласена била за „кралица на морнес песните“. Во 1988 година доживува светски успех со албумот „La Diva Aux Pieds Nus“ од кој излезе песната „Sodade“ нејзиниот меѓународен хит. Во 2002 и 2006 година има настапувано во Македонија.

Видео на денот