Муцунски: Попис во септември е разумно решение во време на пандемија

 Одложувањето на пописот за септември е разумно решение во период на пандемија, истакна пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Тимчо Муцунски одговарајќи на новинарски прашања при денешната посета на Ресен.

Тој очекува дека ќе биде испочитуван договорот од средбата меѓу лидерите на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски и на СДСМ Зоран Заев и пописот да се одржи во септември.

– Што се однесува до пописот, има договор за одложување и тоа треба да се почитува. Не затоа што има договор, туку затоа што е единствено разумно решение во оваа пандемија во која што гледаме огромен број на наши сограѓани заболени, гледаме крах на здравствениот систем и за жал многу мртви случаи. Тоа е една огромна трагедија која што и се случува на Македонија и затоа пописот треба да се одложи, рече Муцунски.

Според него, граѓаните го побараа одложувањето и разумно е од страна на институциите на системот да постапат во таа насока.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот