Му го скршија срцето, сред интервју дозна дека е разменет (ВИДЕО)

EPA/TANNEN MAURY CORBIS

Играчите кои ќе пристигнат во НБА лигата во договорот што го потпишуваат со екипите секогаш има клаузула која им овозможува да бидат разменети во секој момент и без нивна согласност во било кој друг тим.

Само малкумина имаат клаузула која им забранува да бидат разменети, тоа се кошаркари кои се едни од најголемите ѕвезди во НБА лигата, додека на сите останати судбината им ја кројат челниците на екипите.

Таков е и примерот со Дерик Роуз, најмладиот МВП на лигата со 22 години, му беше предвидувана блескава кариера, но повредите и тешките операции на лигаментите на двете колена ги натераа челниците на Чикаго булс да го разменат својот најдобар играч.

Роуз за размената дозна за време на снимањето на документарен филм во негова чест. Неговата реакција која го кине срцето на сите, Роуз не можеше да ги скрие солзите кога дозна дека ќе мора да го напушти родниот град и да се пресели во Њујорк.

„Години“ беше првиот збор кој го кажа откако ја дозна судбината и заплака.
„Знам дека во животот имав многу подеми и падови но ова“ кажа низ солзи Роуз.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот