МТСП: Речиси 60 проценти од вработените во градинките се вакцинирани

фото Архива

Министерството за труд и социјална политика ги повикува сите вработени во детските градинки кои не се вакцинирани да пристапат кон процесот на имунизација, со цел непречено одвивање на воспитно образовниот процес за време на пандемијата.

Како ресорно Министерство упатуваме на општествена одговорност на сите вклучени во процесот на воспитување и образование на децата од предучилишна возраст, имунизацијата да продолжи со несмалено темпо во текот на целиот летен период.

Истовремено информираме дека досега се вакцинирани речиси 60 проценти од вработените во градинките во државава и воедно апелираме и останатите 40 проценти  на воспитувачи, негуватели и технички персонал да се вакцинираат за да може да биде обезбеден безгрижен престој на децата. Само така градинките по завршувањето на летниот период ќе можат да работат со полн капацитет.

Вработените во градинките во изминатиот период покажаа високо ниво на одговорност и професионалност и преку целосно почитување на Протоколот за заштита не дозволија внатрешно ширење на вирусот Ковид-19.

Здравјето на сите граѓани  вклучително и на најмалите е најважно.  Затоа од големо значење е сите заедно да вложиме напори во обезбедување на безбеден престој на децата во градинките.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот