Можна ли е четиридневна работна недела во БИХ?

Босанско знаме / Фото: Профимедиа

Скратувањето на работната недела од пет на четири дена, најмногу позитивно се одрази на продуктивноста на работниците и зголеменото производство. Сепак, да се очекува дека БиХ ќе го стори истото, барем засега, е малку веројатно, бидејќи не постојат единствени регулативи кои ја регулираат оваа област, анализира Н1.

„Финска беше првата што воведе четиридневна работна недела и се покажа како ефективна и за работодавците и за работниците. Меѓутоа, во Босна и Херцеговина се поставува прашањето дали работодавачите се посветени на такви работи, од проста причина што знаеме дека тие го земаат последниот атом сила од работниците за да го остварат својот профит“, нагласи Адис Кечо од Здружение на независни синдикати на Босна и Херцеговина.

Здружението на работодавачи на ФБИХ се уште нема официјален став по ова прашање. Сепак, ниската продуктивност не ја поддржува оваа идеја.

„Некои истражувања покажуваат дека ние во Босна и Херцеговина и во регионот имаме ефективно работно време од околу пет часа. Така што, додека не дојдеме во ситуација да имаме некои шест до седум часа ефективно работно време, мислам дека не треба да размислуваме за такво нешто“, е мислењето на Саша Аќиќ од Здружението на работодавачи на РС.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот