Може ли Шенген да се укине?

Знамиња на Европската унија / Фото: МИА

Во својата историја, Шенген порано беше привремено оневозможен меѓу одредени земји, објави порталот Индекс.хр.

Како дел од подолгата анализа за тоа какви се промени носи влезот во Шенген зоната, меѓудругото се потсетува и дека во 2011 година, Франција ја затворила границата со Италија, откако таа земја им издала дозволи за престој на 25.000 мигранти од Тунис, овозможувајќи им слободно да патуваат низ Шенген зоната. Во екот на мигрантската криза во 2015 година, цела низа земји воведоа гранични контроли во рамките на Шенген.

Германија прва го стори тоа, по што беше воведен некаков облик на гранична контрола од Австрија, Данска, Словенија, Унгарија, Шведска и Норвешка.

Во 2020 година, речиси сите државни граници повторно беа функционални и Шенген зоната целосно престана да функционира. До крајот на мај сите граници беа затворени, но повеќето од нив беа повторно отворени до август. Сè уште има гранични контроли меѓу Австрија и Словенија и Австрија и Унгарија, воведени за време на мигрантската криза во 2015 година. Од истата причина, Германија ја контролира границата со Австрија. Шведска, Данска и Норвешка ги контролираат сите граници.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот