Мото ГП: Ди Џанантонио до прва победа, Бањаја со голем чекор напред кон титулата

Фото: EPA-EFE/NOUSHAD THEKKAYIL

Фабио ди Џанантонио е победникот на денешната трка во Мото ГП шампионатот во Катар.

За италијанскиот мотоциклист ова прва победа во најквалитетниот ранг на натпреварување. За неговиот Гресини ова беше втора победа, претходно првата ја донесе Бастијанини.

Ди Џанантонио кој се уште е без ангажман за следната сезона извозе одлично од почеток до крај и заслужено се искачи на највисокото место на пиедесталот пред Франческо Бањаја, додека на третата позиција заврши Лука Марини.

Денешната трка донесе голема предност за Бањаја бидејќи неговиот главен ривал за титулата, Хорхе Мартин заврши како десетти. Бањаја сега има 21 бод повеќе во однос на Мартин во генералниот пласман пред последната трка која ќе се вози наредниот викенд во Валенсија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот