Москва: НАТО да ја повлече поканата за членство на Киев и Тбилиси

Владимир Путин НАТО
Владимир Путин, знаме на НАТО / Фото: EPA-EFE/ALEXEI DRUZHININ/GEORGI LICOVSKI

Руското Министерство за надворешни работи вечерва го повика НАТО да ја повлече својата „официјална” одлука од 2008 година, која ги отвора вратите за пристапување на Украина и Грузија, на што Москва категорично се спротивставува.

– Во интерес на европската безбедност е неопходно официјално да биде поништена одлуката од самитот на НАТО во Букурешт во 2008 година, што ја отвора вратата за приклучување на двете земји кои граничат со Русија, се вели во соопштението на Министерството.

Руските власти, исто така, побараа од НАТО да ги прекине воените вежби во близина на руската граница и повикаа на продолжување на „редовниот безбедносен дијалог” меѓу Москва, Вашингтон и НАТО.

Западните земји повеќе од еден месец ја обвинуваат Русија дека распоредила десетици илјади војници во близина на украинската граница. Кремљ тврди дека одговара на „провокациите”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот