МОРАШЕ ДА ГО „ПЕЦНЕ“ ЖОЗЕ: Лампард никогаш нема да биде како Мурињо! – Слободен печат
СпортФудбал

МОРАШЕ ДА ГО „ПЕЦНЕ“ ЖОЗЕ: Лампард никогаш нема да биде како Мурињо!

Португалскиот „Специјалист“ в сабота ќе дебитира на клупата на Тотенхем против Вест Хем во Премиер лигата.

Жозе Мурињо беше промовиран како нов менаџер на Тотенхем, додека стратегот на Челзи, Френк Лампард, имаше еден интересен коментар на новата промена во лондонскиот клуб.

– Не ми пречи што Жозе се врати. Тоа е добро за Премиер лигата. Луѓе со карактер и квалитет како што е Мурињо се секогаш добредојдени – рече Лампард.

Тој одговори на прашањето дали некогаш би седнал на клупата на Тотенхем, тој одговори:

– Не, сигурно не. Мораме да го почитуваме неговото право на тоа да работи, но…Слободно поставете ми го истото прашање за 10 години – додаде Лампард.

Жозе иако во 2007 година истакна дека никогаш нема да биде менаџер на Тотенхем и дека премногу ги сака навивачите на Челзи, тоа „ветување“ не се исполни.

Португалецот Мурињо на клупата на Тотенхем ќе дебитира в сабота во Премиер лигата од 13.30 часот против Вест Хем на гостински терен во лондонската пресметка.

Челзи на Лампард истиот ден, но од 18.30 часот ќе го игра дербито на „Етихад“ стадионот на гостувањето кај Манчестер сити. На табелата Челзи е на третото место со 26 бодови, додека Тотенхем е на 14. позиција со 14 бодови.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close