Profimedia

Моника, Рејчел и Фиби повторно заедно: Популарните актерки ги воодушевија фановите (ФОТО)

Кортни Кокс неодамна го прослави роденденот со две поранешни колешки од популарната серија кои и 15 години по завршувањето, одлично се дружат.

Славните актерки Кортни Кокс, Џенифер Анистон и Лиса Кудроу им се познати на сите по улогите на Моника, Рејчел и Фиби во легендарната серија „Пријатели“.

Прекрасно е тоа што овие дами никогаш не престанале да бидат пријателки, туку дружењето од малите екрани го пренеле и во приватниот живот и тоа пријателство опстанува 15 години од крајот на снимањето на оваа серија.

Кортни Кокс го прослави 55-от роденден во друштво на Џенифер и Лиса, а пресреќна е што токму тие две се тука покрај неа.

„Која среќничка сум јас што го прославувам роденденот со нив две?! Ве сакам многу девојки“, напиша Кортни во описот на заедничкото селфи.

БОНУС ВИДЕО:

Најскапите венчавки во светот

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот