Момче каснато од крокодил додека го евакуирале од поплавите во Австралија

Крокодил / Фото David Wall / Alamy / Profimedia

Тинејџер бил каснат од крокодил додека бил евакуиран од поплавите во Австралија. 17-годишното момче било каснато „на задниот дел од ногата“ додека напуштало оддалечена заедница, пренесува „Би-Би-Си“.

Австралиските одбранбени сили се повикани да им помогнат на оддалечените области погодени од поплавите по обилните врнежи кои го погодија северниот дел на земјата.

Од владата велат дека околу 700 луѓе биле иселени од Калкаринџи, околу 770 километри јужно од Дарвин, откако реката Викторија излетала од коритото.

„Министерството за одбрана ни даде три големи авиони и тие работат да ги пренесат евакуираните до Кетрин“ велат властите.

Територијата прогласи вонредна состојба во четири оддалечени области. Контролорот за вонредни состојби Даниел Бејкон рече дека патиштата до голем број оддалечени заедници остануваат отсечени и ги повика луѓето да се држат настрана.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот