Могерини: Во наш интерес е Западен Балкан да стане дел од заедницата
Слободен печат
Пред
Довербата во процесот на проширување на ЕУ ќе настрада ако не почнат веднаш преговорите за пристапување на Северна Македонија и Албанија, изјави на прес-конференција високата претставничка на ЕУ за надворешна и безбедносна политика Федерика Могерини.
– Двете земји се подготвени, тие се европски земји, тие не се на надворешната граница на ЕУ. Во наш интерес е Западен Балкан да стане дел од заедницата – истакна Могерини.
Според неа, ЕУ не треба да се откажува од најефикасниот инструмент за постигнување мир.
– Се надевам земјите од ЕУ да донесат мудра одлука за итно започнување на преговорите – рече Могерини.
Предвидено е Советот на ЕУ да го разгледа прашањето на утрешната седница во Луксембург.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не.
Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат.
Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.
ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) укажува на бројните придобивки од физичката активност по повод Светскиот ден на физичката активност. Физичката активност е дефинирана како „секое телесно движење произведено од мускулно-скелетниот апарат, кое троши енергија“ и е важно за подобрување и одржување на општата здравствена состојба на секој поединец. Физичката активност е битна за многу форми на …
Влегувањето на Коалицијата ВРЕДИ во владата на Мицкоски нема да оди лесно, посебно што меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ВРЕДИ има извесни разлики кои им се дефинирани во програмите со кои излегоа на парламентарните избори, пред се во однос на уставните измени, за кои албанскиот партнер очекува да се случат до крајот на годината па и околу …