Модриќ се појавил во Белград да бара спас кај „чудесната“ Маријана?

Фото: EPA-EFE/Rodrigo Jimenez

Фудбалерот на Реал Мадрид, во текот на вчерашниот ден бил виден во Белград каде што пристигнал во тајност, ексклузивно објави „Спор клуб“.

Модриќ бил виден во Чукарички во еден ресторан, но причината за посетата не е прошетка низ српската престолнина, туку Хрватот се обидел проблемот со повредата до реши токму тука. Како што е познато Модриќ е повреден, а сега спасот се обидел да го најде во познатата докторка Маријана Ковачевиќ која во претходните години лекуваше многу познати спортисти.

Хрватскиот играч за врска го одигра натпреварот во вторник против Жирона кој Реал го загуби со 4:2. На таа средба го повреди и мускулот на ногата. Модриќ не беше во составот во вчерашната победа на „кралевите“ против Алмерија.

Модриќ се обидува да се опорави за финалето во Копа Дел Реј против Осасуна на 6-ти мај, како и за полуфиналниот двомеч против Манчестер Сити на 9-ти и 17-ти мај. Проценките велат дека Модриќ ќе биде спремен за вториот натпревар против „граѓаните“, сепак Хрватот сака да го убрза процесот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот