Модерна го зголемува производството на вакцини

Фото: mia.mk

Американската фармацевтска компанија Модерна, која произведува една од одобрените вакцини против коронавирусот, предлага да се зголеми содржината на лекот во секоја ампула на еден и пол пати, изјави претседателот на компанијата Стивен Хог.

Според Хог, производството на вакцини во моментов се забавува поради ограничувањата на количината на дози на вакцини по шишенце.

„Компанијата се приближува до производство на еден милион дози на ден, предлагаме да додадеме повеќе лекови во ампулите за да ги отстраниме пречките во производството со зголемување на дозата на петнаесет дози место сегашните десет“, рече Хог.

Хог нагласи дека оваа иницијатива бара одобрување од раководството на Администрацијата за храна и лекови (ФДА) при Министерството за здравство на САД. Минатиот петок, Си-Ен-Би-Си јави дека Модерна го испратила предлогот до супервизорот.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот