Моден погодок или модна катастрофа? Што мислите за стајлингот на Рита Ора? (ФОТО)

profimedia

Пејачката Рита Ора синоќа настапи во арената „О2“ во Лондон на настанот „Capital Radio Jingle Bell Ball“.

По одличниот сценски настап, се прошета и по црвениот тепих во комбинација несвојствена за неа.

Носеше асиметричен фустан кој и ја откриваше десната рака и еден дел од стомакот, со длабок шлиц од десната страна, и во комбинација со сандали со истиот принт.

Profimedia

Впечатоците околу нејзиниот стајлинг се поделени.

Profimedia

Едни имаат забелешка за кројот на фустанот, за бојата, за дезенот, а Рита добила и многу коментари дека таквиот модел воопшто не ѝ стои.

Други пак се воодушеевени од нејзиниот избор и од оригиналната модна комбинација.

Што мислите вие?

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот