Мнучин: Економијата ќе почне да закрепнува во текот на летото

Фото: МИА

Американскиот министер за финансии Стив Мнучин денеска изјави дека верува оти економијата ќе почне да закрепнува во текот на летото поради економската активност на која се надева во текот на мај и јуни кога некои држави повторно ќе се отвораат.

– Ова е ситуација без преседан. Ова не е финансиска криза, ова е – се угасивме, рече Мнучин.

– Традиционалните економски модели можеби ќе функционираат. Можеби нема, рече тој додавајќи дека смета оти ако економијата се „отвори” во мај и јуни, таа ќе „отскокне” во јули, август, септември.

Мнучин рече дека очекува оти во тие три месеци стапката на раст да биде се поголема.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот