МНР на Украина тврди дека руските сили гранатирале џамија во која имало 80 луѓе

МНР Украина/ Фото: МИА

Руските сили гранатираа џамија во јужниот украински пристанишен град Мариупол, каде што се засолнети повеќе од 80 возрасни и деца, вклучително и турски државјани, соопшти украинското Министерство за надворешни работи.

Како што пренесе Би-Би-Си, Украина ја обвини Русија дека одбива да им дозволи на луѓето да излезат од Мариупол, каде се заглавени стотици илјади луѓе заробени.

Русија ја обвинува Украина за неуспехот луѓето да се евакуираат.

Украинското Министерство за надворешни работи на Твитер објави дека џамијата Султан Сулејман Величествениот во Мариупол е гранатирана од руски „окупатори”.

– Повеќе од 80 возрасни и деца се кријат таму од гранатирањето, вклучително и државјани на Турција, се вели во извештајот.

Нема детали за загинати или ранети лица.

Москва негираше дека нејзини цели се цивилни области.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот