Многумина се надеваа дека Русите ќе се откажат, но згрешија, вели поранешниот советник на Трамп

Џон Болтон / Фото: Архива на Слободен печат

Поранешниот советник за национална безбедност на експретседателот на САД Доналд Трамп, Џон Болтон, изјави дека сите оние кои мислеле дека Русите ќе се предадат „се покажа дека многу згрешија“.

Тој додаде дека намалените залихи на муниција на земјите-членки на НАТО се јасен „одраз на недостатокот на општа стратегија“.

„Списокот на бескрајни системи за оружје не е стратегија, но развивањето на вашите цели и како можете да ги исполните тие цели е, а тоа вклучува и проценка на вашата способност да ги исполните тие цели. Секој што мислеше дека Русите ќе се повлечат, беше во голема заблуда. “, истакна Болтон.

„Ние само реагираме од ден на ден и не размислуваме однапред“, продолжи тој. Тој тврди дека западните земји „потрошиле премалку за националната безбедност по распадот на Советскиот Сојуз“. „Сега се соочуваме со друг проблем, како што рече генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг, новата руска офанзива“, заклучи тој.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот