Младиот репрезентативец Антовски идната сезона ќе  игра во австриската Бундеслига

фото: Австрија виена

Младински репрезентативец на Македонија, Филип Антовски идната сезона ќе настапува во австриската Бундеслига откако денеска беше промовиран како нов член на Австрија Виена.
Антовски во Австрија Виена доаѓа од хрватската лига, поточно од Динамо Загреб иако минатата сезона ја помина на позајмица во Славија Софија, додека во македонскиот шампионат играше за Вардар.

– Чест ми е да бидам дел од еден од најдобрите клубови во Австрија кој зад себе има многу богата историја и традиција. Ветувам дека ќе дадам се од себе на секоја минута помината на теренот за Австрија Виена. Пресреќен сум што ќе бидам дел од фамилијата Австрија – рече Антовски на промоцијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот