Младинците имаа и 15 коша разлика, на крајот загубија од Чешка на Европското првенство

фото: kfsm.mk

Денеска во Скопје во првото коло од групата „А“ на Европското првенство (дивизија „Б“) македонската младинска кошаркарска репрезентација загуби од Чешка со 75:80.

Избраниците на селекторот Никола Василев во СРЦ „Кале“ веќе во првата четвртина имаа висока позитива од дури 15 коша разлика (22:7) што можеби и беше како убава најава дека македонските кошаркарски надежи имаат сериозни амбиции за влез во елитната „А“ дивизија.

Но, противникот не беше загрижен од ваквата негатива и во понатамошниот период постепено ја намалуваше нашата позитива, и во втората четвртина имавме само еден поен разлика, а на пауза заминавме со водство од 39:36.

Во третата четвртина се врати добрата игра на нашите кошаркари откако повторно се вратија на двоцифрена предност од 58:47, 60:49 и 61:51. И наместо да се одржува ваквата позитива, им се дозволи на Чесите повторно резултатски да се вратат, сега на „минус три“ (61:58).

На стартот од последните 10 минути имавме 64:61 на семафорот, тука како да застанавме, и тоа го казни Чешка со серија од 10:2 и преземање на водството (66:71). Успеавме само на намалиме на 71:73, а мотивираната Чешка во решавачката делница се истакна со нова низа од шест поени (71:79) и тука веќе ги реши сите дилеми околу победникот.

За македонската репрезентација Митревски имаше 18 поени, 14 запиша Симиќ, а по 11 Шошкиќ и Бошалески.

Во нашата група Бугарија убедливо со 95:38 ја совлада селекцијата на Ирска, а слободна на стартот беше Словачка. Веќе в сабота нашите кошаркари ќе го имаат вториот меч против репрезентацијата на Словачка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот