Младината од македонската Еврејска заедница во посета на логорот на смртта Треблинка

ФОТО: Еврејската младина и Маја Наноу фотографирани пред каменот со името Македонија во Треблинка

Тројца средношколци и пет студенти од Скопје заедно со преставници од Еврејска заедница во Македонија (ЕЗРМ), организирано како дел од проектот „Полско – еврејско потекло“ од петокот па во наредните пет дена се во студиска посета на Република Полска.

Во рамки на активностите а како дел од организарината посета на младината од Еврејската заедница во Македонија која се одвива во соработка со Амбасада на Република Полска во Скопје, студентите и средношколците организирано во деновите што следат ќе посетат повеќе споменици и локации на депортинарите Евреи за враме на Втората светска војна во кои се вршеле ужасите од страна на нацистите.

ФОТО/Дејан Србиновски: Камен обележје за загинатите Евреи во Треблинка логоорот

Во вчерашната агенда од активностите на проектот, младината од Еврејската заедниица најпрво го посетии логорот на „смртта“ Треблинка кој е стотина килиметри североисточно од Варшава а потоа групата замнаа во Полин – Музејот на историјата на полските Евреи, лоциран во варшавското гето, место каде во минатото живеела еврејската заедница пред Втората светска војна.

ФОТО/Дејан Србиновски: Внатрешноста на логорот Треблинка во непосердна близина на Варшава

Тие меѓудругото се запознаа со вистиснската вистина за трагедијата на Евреите но и погубијата на 7.144 македонски Евреи кои биле во концентрациониот логор Треблинка, основан во 1942 година во окупирана Полска. Истиот бил дел од големата мрежа на концентрациони логори востановени во рамките на Хитлеровото „конечно решение“ за истребување на Евреите во Европа.

ФОТО/Дејан Србиновски: Остатоци од оградата на логорот на смртта – Треблинка

Павел Малишевски водичот на Треблинка музејот за „Слободен печат“ истакна дека логорот во Треблинка првично како и останатите бил наменет како затвор за Полјаците кои се противеле на нацистичкиот режим, а потоа се претворил во најголема фабрика на смртта во Европа.

– Многу Еврејско население од поранешните југословенски републики биле депортирани овдека за време на Втората светска војна и пота егзекутирани во некои од просториите на концентрациониот логор. За нивните сведоштва денес говорат овие монументи во Треблинка на кои дел од нив се испишани нивните имиња, професии и трагични судбини. Аушвиц, Треблинка, или друг концентрационен логор… Различно е името, но трагедииите се подеднакво ужасни и болни – вели Малишевски.

ФОТО/Дејан Србиновски: Групата на средношколци и студенти во прошетка на Треблинка

Маја Наноу истражувач од Центарот за истражување и едукација во Холокаустот во Скопје која ја придружува групата на младината од македонската Еврејска заедница во Полска, раскажувајќи ја својата лична приказна и трагедија во која дел од нејзината фамилија била егзикутирани токму во Треблинка за време на Втората светска војна, вели дека благодарејќи на посетата и пружената шанса, младите можат лично да увидат дури и да почустуваат за злосторствата кои се правени врз Евреите.

– Малкумината Евреи во Македонија се спасиле од нацистите со учество во Народно ослободителната војна. По крајот на Втората светска војна, во земјата останале, или се вратиле, само стотина од нив. Нивните потомци денеска се активни и ценети во општествениот живот. Токму овие сведоштва и вистини успеавме денеска да ги слушнеме и видиме за кои верувам дека средношколците и студентите кои денеска беа овдека ќе научат нешто повеќе за смрртна на македонските Евреи – посочува Полин. Таа додава дека од особено значење за нашата земја е заложбата и реализацијата на ЕЗРМ за поставување на камен во логорот Треблинка на кој пишува Македонија во знак на сеќавање на загинатите Македонски Евреи.

ФОТО/Дејан Србиновски: Макета на концентрациониот логор Треблинка сместена во истоимениот музеј

Инаку, посетата на младината од македонската Еврејска заедница во Полска продолжува и во деновите што следат. Според програмата учесниците во овој студиски проект треба да посетат неколку градови покрај Варшава. Во агендата на посети исто така влегува и и визита на Музејот на Евреите во Краков, Еврејскиот културен центар, разгледување на квартот Казимјеж, подземениот пазар и друго.

ФОТО/Дејан Србиновски: Групна фотографија на присутните пред музејот во Треблинка

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот